Трамп: На Америка ѝ се потребни луѓе како Путин, Кси и Ердоган

Точка

23/07/2020

17:39

2.669

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, смета дека претседателите на Русија, Кина и Турција, Владимир Путин, Кси Џинпинг и Реџеп Тајип Ердоган се паметни луѓе со остар ум, и дека такви луѓе ѝ се потребни на Америка.

"И ние мораме да имаме некој таков. Имаме работа со луѓе кои со нас би направиле нешто многу лошо кога би можеле. Треба да бидеме попаметни од нив", порачал Трамп. 

Тој за "Fox News" навел дека неговиот противник на претстојните избори за претседател на САД, Џо Бајден, би требало да направи тест за когнитивни способности.

Трамп оценува дека Бајден нема да биде добар американски лидер.

Тој смета дека, со оглед на квалитетите на странските лидери, претседателот на Америка мора да биде личност со остар ум.

Трамп истакнува дека тестот за когнитивни способности кој тој го направил е многу тежок, а дека остварил добар резултат.

Претседателските избори во САД ќе се одржат во ноември.

Најизвесни противници се Џо Бајден, кандидат на Демократската партија, и Трамп, кој е републиканец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг