Сити избегна забрана за настап во Лигата на шампионите и сега ќе има огромна сума на пари за трошење

Дерби

23/07/2020

15:30

1.434

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити се спаси од најлошото откако Спортскиот Арбитражен суд пресуди во нивна корист и им ја укина забраната за настап во Лигата на шампионите за следната сезона.

„Граѓаните“ сега може да се насочат кон креирање на тимот за следната сезона за кој ќе имаат доста средства за трошење.

Имено, Пеп Гвардиола ќе добие 300 милиони фунти за нови засилувања, а се верува дека акцентот ќе биде ставен на одбраната.

Сити ќе се обиде да донесе двајца стопери, а меѓу имињата кои во моментов се вртат во медиумите во Англија се Калиду Кулибали, Натан Аке и Давид Алаба.

Сити ќе донесе замена и за Лерој Сане, а во последно се појавија шпекулации дека клубот ќе тргне по Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед.

Се најавува и трансфер битка со Барселона за услугите на Лаутаро Мартинез од Интер кој би требало да дојде како замена за Серхио Агуеро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг