Лампард лут на луѓето од клупата на Ливерпул: Не треба да бидат толку арогантни...

Дерби

23/07/2020

13:53

2.449

Големина на фонт

а а а

Тимот на Челси вчера загуби од Ливерпул во супер интересен натпревар со 5:3 и сега ќе мора да слави против Вулверхемптон доколку сака да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона.

Тренерот на „сините“ од Лондон беше посебно лут на дел од лицата на Ливерпул кои беа присутни на клупата за резервни фудбалери.

При еден фаул на Ковачиќ се распламнаа страстите кај аут линијата по што Френк Лампард влезе во клинч со дел од нив и на крај даде изјава со која ги опомена дека не треба да бидат толку арогантни и покрај тоа што се најдобар клуб во лигата.

– Според мене немаше фаул од Ковачиќ. Имаше уште неколку одлуки кои не одеа на наша рака. Меѓутоа немам проблем со Јирген Клоп, тој фантастично се носеше во таа ситуација.

– Секоја чест на Ливерпул, ја добија лигата, но исто така не треба да бидат премногу арогантни. Тоа беше мојата поента, но готово е, - изјави Лампард.



Спонзорирани линкови

Маркетинг