„Испив осум пива, ми се плетка јазикот“: Погледнете го интервјуто на Карагер со Санчо

Точка

02/05/2024

12:04

2.373

Големина на фонт

а а а

Можеби најпопуларната коментаторска екипа во студио ја состави „CBS Sports“ на натпреварите од Лигата на шампионите, а изгледа дека Џејми Карагер, Тиери Анри и Мика Ричардс, со водителката Кејт Абдо. Сепак, Карагер оваа среда не бил во студиото, каде го заменил Алесандро Дел Пиеро, туку добил посебна задача.

Легендата на Ливерпул отпатувала во Дортмунд на натпреварот меѓу Борусија и Пари Сен Жермен и, изгледа, одлично си поминала. Карагер цел ден бил покрај навивачите на Борусија, а и во текот на натпреварот бил во „жолтиот ѕид“. Атмосферата го понела па испил и поприлична количина на алкохол и во таква состојба се јавил во живо.

Карагер: Испив околу осум пива

„Дали си доволно трезен да го направиш интервјуто?“, го прашала Карагер водителката Кејт Абдо пред разговорот со фудбалерот на Борусија Џејдон Санчо во микс-зоната.

„Добро прашање бидејќи не јадев многу. Јадев чизбургер во околу 1 и пол, кога дојдов во хотелот. Тоа може да објасни зошто ми се плетка јазикот. Испив околу осум пива во жолтиот ѕид, имам ново семејство и пријатели“, одговорил Карагер.

Интервјуто покрај Карагер го правел и Петер Шмајхел, а кога завршил сериозниот дел, Карагер го прашал својот сонародник: „Ако дојдеш до финалето, може ли заедно да испиеме неколку пива?“. На тоа, Санчо му одговорил дека не пие и дека така го разочарал.




Спонзорирани линкови

Маркетинг