Мбапе: Сигурно останувам во ПСЖ

Макфакс

22/07/2020

16:04

858

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе рече дека ќе остане во клубот од „Паркот на принцовите“ најмалку уште една година.

Мбапе е дел од „Светците“ три сезони, но често се шпекулира со негово заминување од клубот, пред се во Реал Мадрид кој е еден од заинтересираните.

Поради пандемијата на коронавирусот, францускиот шампионат беше прекинат, ПСЖ прогласен за шампион, а 21-годошниот напаѓач вели дека се концентрира на освојување трофеј со екипата.

„Овде сум, во овој проект четврта година. Педесетгодишнината на клубот, ова е важна сезона, за навивачите. Тука сум. Ќе се обидеме заедно со екипата да ги вратиме трофеите“ изјави Мбапе.

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел вели дека е вистински подарок да се работи со Килијан.

„Килијан има договор и се уште не сме подготвени да го продадеме. Тој е супер важен, клучен играч за нашата игра. Вистински подарок е да се работи со него, со играчи како Нејмар, Ди Марија, Икарди, Верати, Маркињос. Тоа се извонредни играчи“ – смета Германецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг