Клоп за титулата: Ова е една од најубавите приказни во историјата!

Макфакс

22/07/2020

14:28

951

Големина на фонт

а а а

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека приказната за неговиот тим како стигна до титулата во Премиерлигата е една од најубавите во историјата на фудбалот.

„Црвените“ станаа шампиони по чекање од 3 децении. Вечерва на „Енфилд“, по мечот од претпоследното коло со Челси ќе им биде предаден пехарот наменет за најдобрата екипа.

„Освоивме титула на 7 кола пред крај на првенството, тоа е неверојатно. Фантастично е што момците направија и на кој начин. Од многу причини беше многу тешко. Сега треба да уживаме во моментот. Моментот кога пехарот ќе заврши кај нас е поентата на овој спорт. Ова е една од најубавите приказни во историјата на фудбалот“ смета Германецот.

„Да ми речеше некој да станам шампион во било која лига, со било кој тим, изборот би бил Ливерпул. Сите сакаат да бидат дел од ова, а ние ја имаме среќата што сме тука. Не мислам дека во другите шампионати навивачите би заборавиле титула, но ова никој нема да го заборави. Тоа е невозможно, затоа е посебно“ – рече Клоп.

Мечот меѓу Ливерпул и Челси вечерва започнува во 21.15 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг