Британските експерти предупредуваат: Човештвото со коронавирусот ќе живее со децении

Точка

22/07/2020

19:13

2.156

Големина на фонт

а а а

Експертите предупредуваат дека светот, и покрај евентуалното пронаоѓање на вакцина, со коронавирусот ќе живее со децении.

Тоа се зборовите на докторот Џереми Фарар на коментарот на премиерот на Велика Британија дека се надева дека оваа држава ќе се врати во нормален живот до Божиќ. 

Борис Џонсон ова го рекол кога ги изнел плановите за ублажување на мерките за превенција на ширењето на коронавирусот. Тој најавил отворање на забавните центри и затворените базени, а масовните собори ќе бидат дозволени на есен.

Меѓутоа, експертите рекле дека на работите треба да се гледа реално и дека вирусот и натаму ќе биде присутен, пишува "BBC".

"До Божиќ работата нема да се поправи. Дури и да имаме вакцина или добар лекарски третман, човештвото со овој вирус ќе живее уште многу, многу години...децении кои се пред нас", додал Фарар.

Тој на почетокот на летото рекол дека овој период е клучен за спречување на вториот бран на коронавирусот и додал дека е многу важно дополнително да се зголемат капацитетите за тестирање и да се вложат пари во лечење и вакцинација.

Професорот Џон Бел од Универзитетот во Оксфорд рекол дека смета дека се мали шансите Ковид-19 да биде елиминиран и покрај позитивните вести дека вакцините кои се произведени активираат имунолошки одговор на короанвирусот.

"Реалноста е дека овој патоген ќе биде тука засекогаш, не оди никаде. Веројатно вакцината нема да има траен резултат, така што ќе мора да имаме континуиран циклус на вакцинација. Поради тоа мислам дека идејата за елиминација на коронавирусот кај целата популација е нереална", заклучил Бел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг