Пандев посочи кое е идеалното сценарио за него за оваа сезона

Дерби

22/07/2020

12:26

1.316

Големина на фонт

а а а

Тимот на Џенова минатото коло дојде до многу важна победа над Лече во борбата за опстанок во елитата, но време за одмор нема и сега следи градското дерби против Сампдорија.

Таа средба се игра вечерва од 21:45 часот, а пред истата во фокусот се најде македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Популарниот Гоче се уште нема победа во оваа градска пресметка и се надева дека тоа токму денеска ќе се промени.

- Навистина ми е жал што досега се немам радувано на победа на ова градско дерби. Ми успеваше во Рим и во Милано, се надевам дека сега ќе дојде првата победа во дербито на Џенова. Тоа би бил навистина голем триумф за нас и за нашите навивачи. Сакаме да ја покажеме нашата вредност како тим, - истакна Пандев кој го посочи и идеалното сценарио за него.

- Јас знам дека ништо не е готово, се уште има многу за играње и не смееме да се опуштиме. Головите никогаш не ми биле најважни во кариерата, меѓутоа признавам дека десет постигнати гола и спас на Џенова, би било идеална сценарио, - порача капитенот на нашата репрезентација.

Пандев сезонава има 9 голови во Калчото, Џенова пак со 33 бода е на 17 позиција на табелата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг