Милан нема да може да смета на капитенот до крајот на сезоната

Дерби

22/07/2020

12:25

972

Големина на фонт

а а а

Милан славеше над Сасуоло со 2-1 и ја продолжи позитивната серија на резултати во Серија А, но дуелот на „Мапеи“ донесе и неколку повреди, лоши вести за „росонерите“.

Некоку играчи мораа предвреме да го завршат натпреварот, а меѓу нив беше и капитенот Алесио Ромањоли за кого најверојатно оваа кампања е завршена.

- Ромањоли се здоби со повреда на мускулот што најверојатно го отпишува за мечевите до крајот на сезоната. Жал ми е за тоа затоа што добро играме и Алесио со голем квалитет ја играше секоја минута во сезоната, - истакна тренерот Стефано Пиоли кој проговори и за ситуацијата со Андреа Конти.

- Конти има проблем со коленото, повеќе ќе знаеме во следните часови, - порача Пиоли.

„Црвено-црните“ во трите завршни кола ќе играат со Аталанта, Сампдорија и Калјари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг