Бајден вети дека ќе им стави крај на забраната за патување на Трамп и на исламофобијата

Макфакс

21/07/2020

15:34

734

Големина на фонт

а а а

Џо Бајден жестоко ја критикуваше исламофобијата и вети дека ќе ја укине забраната за патување воведена од администрацијата на Трамп во неговиот прв мандат, за време на разговорот со најголемиот муслиманско-американски комитет за политичка акција (ПАК), кој ја вклучува и анти-израелската активистка Линда Сарсур, пренесува „Њујорк пост“.

„Ако имам чест да станам претседател, ќе ја укинам забрана уште првиот ден“, рече Бајден за време на состанкот „Самит на милиони муслимански гласаови“, организиран од „Ингејџ екшн“ кој ја поддржа неговата претседателска кандидатура во април.

Забраната за патување потпишана од Трамп во јануари 2017 година ги блокира повеќето имигранти и патници од Иран, Либија, Сомалија, Северна Кореја, Сирија, Венецуела и Јемен. Но, Бајден не застана тука, исто така, критикувајќи дека во американските училишта не учат за исламот.

„Една од работите што мислам дека е важна, посакувам во нашите училишта да научиме повеќе за исламската вера“, рече тој, обвинувајќи го Трамп за поттикнување на пламенот на омразата.

Во жестокиот говор, Бајден се спротивстави на исламофобијата, по што Сарсур ги повика Американците да се кренат против, како рече, фашистичката администрација.

„Под оваа администрација, видовме незамислив пораст на исламифобија и инциденти, вклучително и деца кои биле малтретирани во училиштата и злосторства од омраза во нашите заедници“, рече Бајден.

„Трамп назначуваше луѓе со историја на отворена исламифобија – отворена, директна, кои нема што да бараат на високи позиции во нашата влада – на клучни улоги во раководството во Министерството за одбрана и американската Агенција за меѓународен развој“, продолжи тој.

ПАК се обврза да обезбеди еден милион муслимански гласачи за Бајден и вети дека ќе му ги „испорача“ Мичиген, Висконсин, Пенсилванија и Флорида во ноември. Сарсур, палестинско-американски активист и сурогат на Берни Сандерс со историја на антисемитски изјави, му изрази поддршка на Бајден.

„Тука не станува збор за тоа кого сакате и кого не сакате, туку за тоа дали сакате да го победите фашизмот во Америка“, рече таа, наведувајќи го разговорот кон палестинските територии.

Сарсур, родена во Бруклин, беше отфрлена од движењето „Женски марш“, што помогна да се основа, во септември 2019 година откако беа објавени нејзините ставови, вклучувајќи ги и нејзините пофалби за Расмеа Одех, палестинска терористка осудена во 1970 година за нејзината улога во бомбардирањето на супермаркет во Ерусалим.

„Нашата заедница е посветена да стави крај на окупацијата на палестинскиот народ, нашата заедница е посветена на муслиманите кои се угнетени низ целиот свет“, рече Сарсур, ветувјќи дека ќе го натера Бајден да ја поддржи нејзината анти-израелска агенда.

„Ние сакаме да го видиме Џо Бајден во Белата куќа, но сакаме и Џо Бајден да знае дека ќе го повикаме на одговорност пред нашите заедници. Ќе бидеме на неговиот праг да се осигураме дека сме слушнати во оваа администрација и ќе се бориме за работите во кои веруваме и нема да ја завршиме нашата работа на денот на изборите“, рече таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг