Дали Русите ќе бидат првите кои ќе произведат вакцина за коронавирус? Уште пред неколку месеци вакцина добиле бизнисмени и политичари

Точка

21/07/2020

21:03

4.835

Големина на фонт

а а а

Неименувани извори за „Блумберг“ откриваат дека уште во април оваа година истакнати бизнисмени и членови на руската политичка елита добиле вакцина за коронавирус.

Големата трка во потрагата по вакцина за коронавирус продолжува, а неколку земји се во завршна фаза. Една од нив е и Русија, а извори од оваа земја тврдат дека руската вакцина е во завршна фаза и постои шанса токму Русија на светот да му ја понуди првата вакцина за коронавирус.

Вакцината заедно ја развиваат московскиот Институт за епидемиологија и руското Министерство за одбрана, а денес пристигна информацијата дека локалното тестирање е комплетирано и наскоро ќе започне меѓународното тестирање.


Истовремено, пристигнуваат информации дека Русија експериментална вакцина им дала на „бизнисмени и членови на политичката елита“ уште во април оваа година. Имено, како што пренесува „Блумберг“, повикувајќи се на неименувани извори од Русија, директорите на водечките руски компании ја добиле вакцината во најстрога тајност.

Оваа информација пристигнува недолго после обвинувањата дека руските хакери се обиделе да украдат информации за вакцина од Велика Британија.

Според зборовите на руските епидемилошки извори, Русија планира да произведе 30 милиони дози на вакцина за коронавирус оваа година, а потоа и уште дополнителни 170 милиони за меѓународниот пазар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг