“Она што за некој можеби е играчка за нас е дел од семејството!”: Од двор на обвинителката Ристоска украдени двете слепи хаски

Точка

21/07/2020

11:03

2.876

Големина на фонт

а а а

Поранешната обвинителка од Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, објави Фејсбук статус дека во текот на ноќта од дворот во село Лешок, некој ги украл нејзините две слепи хаски.

Обвинителката напиша дека кучињата имаат шеќерна болест и дека семејството е загрижено за нив: 

“Ноќеска од нашиот двор во село Лешок некој ни ги украл Астра и Зоне, две слепи хаски со шеќерна болест. Не верувам дека тој што ги украл знае за нивната здравствена состојба, која ако не се третира може да има фатални последици. Кучињата се ослабени од болеста и лесно препознатливи.

Ова е мој прв јавен пост и всушност е апел кој има било каква информација да не исконтактира бидејќи сме загрижени и вознемирени. Нема да покренуваме никакви постапки против лицата кои ги имаат украдено, само да ни се вратат.

Кутрињата се чипирани, така што апел до сите ветеринари на кои ќе им се донесат слепи хаски на преглед да ги проверат чиповите.

Она што за некој можеби е играчка за нас е дел од семејството! Астра и Зоне се дел од нашето семејство 8 години и со ваша помош се надевам дека ќе успееме да ги вратиме и дека ќе се дел од нашето семејство уште многу години”, објави Ристоска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг