Инспекцијата го затвори клубот во Струмица каде се правеа журки: Инспекторите повеќе нема да опоменуваат

Точка

21/07/2020

09:54

2.925

Големина на фонт

а а а

Пазарниот инспекторат го затвори струмичкиот ноќен клуб „Аватар“ откако на социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии на кои можеше да се види како во клубот се организираат журки во време на пандемија.

Инспекторатот го затвори на неодредено ноќниот клуб кој инаку доби кривична пријава за организирање на забава, но продолжи со работа и организираше уште една.

На снимките кои се појавија на социјалните мрежи можеше да се види како во клубот се прават забави со присуство на голема група на луѓе кои не одржуваат никаква дистанца, ниту пак носат заштитни маски. Поради тоа, клубот ќе остане затворен се додека Комисијата за заразни болести не донесе нови протоколи за работа на ноќните клубови.

Исто така во Обвинителството е отворен предмет и за организација на забава во време на пандемија во прилепскиот клуб „Калипсо“ кој веднаш бил испразнет откако забавата била пријавена во ДПИ.

Поради крајно неодговорното однесување на сопствениците на клубовите, директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски порача дека инспекторите сега имаат овластувања како од перидоот на вонредната состојба. Тоа значи дека на лице место инспекторите ќе можат да стават клуч на врата на прекршителите на правилата, без да даваат опомени и рок од осум дена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг