Трамп повторно шокира во новото интервју: Коронавирусот едноставно ќе исчезне, пак ќе бидам во право

Точка

20/07/2020

20:51

3.651

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп, е добро познат по изјавите со кои често ја шокира јавноста, а сега повторно успеал да го шокира светот во најновото интервју за "Fox News" со Крис Волас.

Меѓу другото, рекол дека не го интересира што има војската да каже за преименувањето на нејзините бази и дека идентификацијата на слон бил силен доказ за неговата ментална стабилност. 

Интервјуто веќе самото по себе привлекло внимание бидејќи е емитувано на "Fox News", мрежата која неодамна ги заладила своите односи со Трамп. Така во текот на разговорот во Белата куќа, рекол дека не е голем фан на таа мрежа.

"Ќе бидам искрен, не сум голем фан на "Fox"", рекол Трамп откако Волас го прашал за Твитовите кои ги пишувал за него.

Волас потоа ги прикажал резултатите од анкетите на кои се гледа Трамп изгубил осум бодови од демократскиот кандидат Џо Бајден. Минал полошо од Бајден по прашањето за реакцијата на пандемијата, проблемите со расизмот и решенијата за економијата.

"Не губам на изборите, тоа се лажни анкети", одговорил Трамп.

Претседателот на САД не само што ги негирал податоците од анкетите, туку и одбил да каже дали ќе ги прифати резултатите од претседателските избори во ноември во случај да биде губитник.

"Ќе видам. Не, нема само да кажам да. Нема да кажам ни не, не го направив тоа ни минатиот пат", рекол Трамп.

Интересно е дека во споменатата анкета 51 процент од анкетираните одговориле дека Трамп не е ментално способен за таа функција, а 39 проценти истото го кажале и за Бајден.

Трамп предложил Бајден веднаш да оди на когнитивно тестирање. Претседателот, имено, минатата недела рекол дека со петка положил еден тест. Многумина препоставуваат дека тоа се однесува на когнитивната проценка од 2018-та година. Со истата проценка минал и Волас.

"Тоа и не е некој тежок тест. Ќе ви покажам слика и прашање што има на неа, а на неа има слон", рекол новинарот. Трамп на тоа рекол дека Волас го потценува ова тестирање кое го користат многу лекари.

"Се обложувам дека не си можел се да решиш. Последните пет прашања се многу тешки", рекол Трамп.

Откако во Америка се рашириле протести против расизмот и полициското насилство, Пентагон почнал да размислува за преименување на воените бази кои носат имиња на конфедерациски лидери.

"Не ме интересира што вели војската. Јас ја носам одлуката за тоа", рекол тој.

Интервјуто дополнително се вжештило кога почнало да се зборува за пандемијата на коронавирусот во текот на која се заразиле повеќе од 3,7 милиони Американци, а починале 143.000.

Трамп истакнал дека овој вирус во некој момент ќе исчезне.

"На крајот ќе видите дека сум во право. Ќе исчезне. Јас тоа повторно ќе го кажам. Ќе исчезне и ќе бидам во право", рекол тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг