Зибери за можноста тој сепак да не биде премиер: Не се затвораат сите врати

Точка

20/07/2020

13:32

3.424

Големина на фонт

а а а

Во интервјуто за „Утрински Брифинг“, кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец, Насер Зибери порача дека „не се затвораат сите врати“, иако Али Ахмети останува на идејата за премиер Албанец.

„Со информациите со кои располагам, господинот Ахмети останува на идејата јас да бидам идниот мандатар и досега нема отстапување од таа идеја. Се разбира, не се затвораат сите врати. Неговите аргументи одат во насока јас да бидам идниот мандатар од причина што претседател на државата по етничка припадност е Македонец, претседателот на Собранието би бил Македонец, многу носители на јавни функции“, изјави Зибери.

На прашањето за коментар околу идејата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да разменат пратеници и во коалиција со другите албански партии да ја испратат ДУИ во опозиција, Зибери порача дека треба да се испочитува волјата на граѓаните.

„Има еден џентлменски договор меѓу партиите како Алијанса-Алтернатива, ДУИ и останатите партии, дека оној што ќе добие макар еден глас повеќе, а не мандат, ќе се помири со фактот дека ги изгубил изборите. Можноста од преземање пратеници од лево кон десно или десно кон лево, мислам дека би било најлошата услуга што може да ѝ се случи на државата“, изјави Зибери.

„Ние сме длабоко убедени дека волјата на граѓаните треба да се испочитува и нема право ниту Заев, ниту Мицкоски, ниту Ахмети да бараат пратеник повеќе за да може да формираат влада“, иако идејата на неговата партија ДУИ за прв премиер Албанец ја поддржаа само 104 илјади од 943 илјади гласачи.

„Треба да се почитува и начелото победник со победник“, за крај порача Зибери, иако, за потсетување, токму ДУИ на претходните парламентарни избори го прекрши тоа правило со тоа што коалицираше со СДСМ, иако во „македонскиот табор“ победи ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг