5 намирници кои не смеат да ги консумираат луѓе со висок холестерол

Точка

16/07/2020

19:32

4.838

Големина на фонт

а а а

Холестеролот му е неопходен на човековото тело, но ако балансот помеѓу добриот и лошиот холестерол е нарушен, прво што треба да направите е да размислите за начинот на исхрана.

Овие 5 намирници треба да ги намалите на минимум ако имате зголемено ниво на холестерол во крвта: 

Преработено црвено месо

Црвеното месо е важно за здравјето бидејќи содржи холестерол кој е неопходен за производство на нови клетки и одредени хормони. Но, ова важи само за квалитетно термички обработено месо. Што се однесува до производите направени од преработено црвено месо, бројни истражувања ја потврдуваат директната врска помеѓу нивната консумација и покаченото ниво на лошиот холестерол.


Транс масти

Ова се најопасните производи за нашето здравје бидејќи ја влошуваат состојбата на речиси сите важни органи на нашето тело. Пекарските производи, десертите па дури и некои видови чоколада – сите тие намирници можат да содржат транс масти кои можат драматично да го зголемат нивото на лошиот холестерол.

Пржена храна

Било кој производ припремен во длабока маснотија треба да се јаде што е можно помалку, а најдобро од сè е потполно да ги исфрлите од исхраната. Маслото користено за време на пржењето се загрева на екстремно високи температури, што доведува до хемиски реакции во текот на кои се формираат транс масти, а со тоа се зголемува и нивото на холестерол.


Јаглехидрати

Белиот ориз, белиот леб и тестенините се најчести примери на јаглехидрати кои ги внесуваме на дневно ниво. Што почесто ги консумирате, толку е поголем ризикот од појава на воспаленија како и зголемување на лошиот холестерол.

Куповни житарици

Муслите и другите индустриски житарици се сметаат за најнездравиот оброк кој можете да го изберете за појадок. Проблемот е во тоа што тие се произведуваат од рафинирани јаглехидрати, речиси без воопшто влакна. Од друга страна, преполни се со шеќер и скроб кои го зголемуваат ризикот од срцеви болести и го покачуваат нивото на холестерол во крвта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг