Погледнете како се пукаше во Скопје: Куршумите од прославата на ДУИ завршиле во градинка, семеен дом и автомобил!

Точка

16/07/2020

17:14

6.666

Големина на фонт

а а а

Синоќа симпатизерите на ДУИ беа првите кои излегоа на улиците да ја прославата победата на нивната партија на парламентарните избори, а најбурно беше во скопски Чаир.

Градоначалникот на Општина Чаир од редовите на ДУИ, Висар Ганиу во живо на „Фејсбук“ ја пренесуваше прославата, при што можеа да се слушнат истрели од огнено оружје. Откако видеото се прошири низ македонските медиуми, веднаш беше отстрането од профилот на Ганиу.


Непосредно после пукотниците, околу 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека залутан куршум паднал во градинка на улица „Коста Новаковиќ“ во скопски Аеродром. Куршумот завршил на гласачко место додека внатре биле присутни членовите на Изборната комисија.


##https://twitter.com/AleksandarSrb/status/1283766486339850242?s=20##


Веднаш потоа во полициската станица во Центар пристигнала нова пријава - Скопјанец пријавил дека додека седел со синот во својот дом, залутан куршум паднал преку покривот во нивната семејна куќа на улица „Мирослав Крлежа“ и тоа во нивна непосредна близина.

Третиот случај е од Сарај каде што во тамошната полициска станица било пријавено дека е оштетено задно ветробранско стакло на автомобил. Залутаниот куршум паднал врз возилото „Фолксваген Пасат“ на улицата „10“.

Засега ниту едно лице не е приведено после прославата на ДУИ во која симпатизерите на партијата, главниот град го претворија во воена зона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг