Актерката почина еден ден пред својот роденден: Нејзиното семејство верувало во закрепнување, но дијагнозата била претешка...

Точка

16/07/2020

17:37

2.622

Големина на фонт

а а а

Гелин Горг се прослави во сериите „The Fresh Prince of Bel-Air“ и „Twin Peaks“, а почина од карцином. Актерката Гелин Горг почина на 55-годишна возраст.

Гелин боледуваше од карцином, а нејзиното семејство ја извести јавноста дека таа починала во вторникот, само еден ден пред својот 56-ти роденден.  

Тие истакнале дека Горг била великодушна и мила личност.


„Гелин Горг беше голем дел од нашето семејство, на секој еден од нас му значеше многу. Ѝ дијагностицираа канцер кој што се прошири по целото нејзино тело и на белите дробови.

Докторите кажаа дека има само уште неколку денови или седмици живот, но таа остана оптимист и сите се молеа за чудо, за жал почина.


Не знаевме колку беше болна и дијагнозата за нас беше шок. Без размислување купивме карти за Оах, каде што одеше на третмани. Потрошивме многу пари и време, а сега треба донации за погребот. Секоја донација многу ја цениме“ - напишало семејството на актерката кое што досега собрало 2.000 долари.

Инаку, Гелин освен со актерство се занимавала и со продукција и танц.




Спонзорирани линкови

Маркетинг