Новости од Грција: Донесени превентивни мерки кои што ќе траат до 31-ви јули

Точка

16/07/2020

16:48

1.944

Големина на фонт

а а а

Тамошните граѓани треба да пријават секакво непочитување на превентивните мерки за заштита од коронавирусот.

Превентивните мерки за безбедност поради пандемијата коронавирус на грчките плажи ќе бидат продолжени до 31-ви јули, изјавил денес заменикот министер за развој и инвестиции, Никос Папатанасис.

Тој и претходно изјавил дека одлуката за забрана за традиционалните фестивали би можела да биде продолжена до крајот на месец август.

Папатанасис ја нагласил важноста за индивидуалната одговорност и почитување на мерките, додавајќи дека механизмите за инспекции секојдневно функционираат.


Папатанасис побарал од граѓаните да пријават секакви непочитувања на мерките и ја побарал нивната примена, додавајќи дека 1.520 телефонски линии се отворени за поднесување жалби.

Тој изјавил дека нема повторно да биде воведена блокада во земјата, туку ќе бидат донесени локални мерки таму каде што е потребно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг