Рампа за регионот: Австрија забранува слетувања на авиони од Западен Балкан и Македонија

Точка

14/07/2020

12:41

2.634

Големина на фонт

а а а

Со цел сузбивање на пандемијата на коронавирусот, Австрија го прошири списокот на земји за кои важи забраната за слетување на австирските аеродроми на сите земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија.

Со новата уредба на Министерството за здравство листата била проширена од 8 на 18 држави. 

Од четвртокот на австриските аеродроми нема повеќе да може да следуваат авиони од сите земји од Западен Балкан, Бугарија, Романија, Модлавија и Египет.

Претходно забраната веќе важела за летови од Белорусија, Кина, Велика Британија, Иран, Португалија, Русија, Шведска и Украина.

До крајот на јули ќе бидат укинати летови од кон Скопје, Белград, Букурешт, Каиро, Подгорица, Сараево, Скопје, Тирана и Варна.

Според уредбата постојат исклучоци, но во тоа влегуваат само "летови во интерес на Австрија", како и слетување на товарни авиони, авиони кои префрлаат болни, или враќаат австриски државјани, односно пренесуваат медицински персонал или работници за помош во земјоделството.




Спонзорирани линкови

Маркетинг