Крикот на Французинот не остави никого рамнодушен: Зидан објасни зошто се развикал по тешката победа

Дерби

14/07/2020

11:50

1.011

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид со нов „минималец“ успеа да стигне до нова голема победа во Примера, па сега тимот предводен од Зинедин Зидан го дели само една победа од потврда на титулата во шпанската елита.

„Кралевите“ добро се испотија на „Лос Карменес“ и победија со 1:2 пред се благодарение на моќното издание во првото полувреме, дел од играта кој се покажа како клучен бидејќи Гранада во вториот дел го натера фаворитот да го чека последниот судиски свиреж.

Гранада намали на 1:2 на стартот на вториот дел и жестокот притискаше во завршницата за реми, но сепак избраниците на Зизу ги издржаа налетите и стигнаа на само еден чекор од обезбедување на трофејот во Ла Лига.

Како ретко кога, Зидан беше прилично гласен по последниот свиреж и доста добро се слушна неговиот радосен крик, па тренерот на Реал не криеше дека со посебни емоции ја проследи оваа победа.

– Одигравме многу добро прво полувреме, импресивно, не знам дали можеше подобро. Имавме контрола на топката, едноставно без грешка. Во второто полувреме беше полошо, но на теренот има и ривал. Многу патевме во вториот дел, но за да се освои Ла Лига, мора да страдате. Затоа посебно го издвојувам второто полувреме, знаевме како да страдаме и да ја извојуваме победата.-

– Викав од радост по крајот на мечот бидејќи бев многу задоволен, бидејќи страдав во вториот дел. Крикот е нормален, ова беа многу важни три бода. Крикот сакав да го слушнат моите играчи кои одиграа импресивен меч, многу сум задоволен од нив, – изјави Зизу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг