Италијанците тврдат: Во Србија има поагресивна мутација на коронавирус!

Точка

14/07/2020

19:23

3.454

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на италијанскиот регион Венето, Лука Заиа изјави дека видот на коронавирус изолиран кај пациентите кои што пристигнале од Србија е поагресивен од видот кој досега бил присутен во Италија.

„Направивме четири тестирања и забележавме дека вирусното оптоварување е исклучително силно. Вирусите се идентични меѓу себе, но припаѓаат на целосно друг кластер од тој кој досега беше изолиран во Венето. До денес не е можно да се поврзат специфични мутации со различна патогеност на вирусот, затоа што досегашните истражувања не покажаа дека постојат клинички форми поврзани со мутацијата на вирусот“, изјави Заиа.

Претседателот на Венето нареди да се тестираат странските државјани во тој регион и порача дека не станува збор за гетоизација, туку за грижа на здравјето на сите граѓани.

Имено, токму во Венето се појавија нови жаришта на коронавирус на места каде што има најголема концентрација на луѓе кои пристигнале во Италија од странство.


„Ситуацијата во овој регион во секој смисол е стабилна, но навистина не загрижуваат тие видови на коронавирус кои доаѓаат од странство и поради тоа ги засиливме контролите“, изјави Заиа за италијанските медиуми.

Тој откри дека претежно станува збор за граѓани кои што пристигнале од Србија, но и од Молдавија, Конго и Македонија.

„Потребно е Светската здравствена организација да ги идентификува земјите кои имаат проблеми, тоа е нешто што одамна го повторувам. Загрижува тоа што пациентите се повеќе се млади лица. Имаме случај на една 23-годишна мајка од Камерун со дете од 6 години и двајца близнаци од 4 години кои се позитивни на коронавирусот“, изјави Заиа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг