СДСМ за новата „бомба“: Заборавиле да го исечат она „марш“ што го кажува Заев

Макфакс

12/07/2020

18:45

5.132

Големина на фонт

а а а

Конечно слушнавме како звучи сечено-лепено, ама заборавиле да го исечат она марш на претседателот Зоран Заев, велат од СДСМ по објавувањето на аудио-запис од Заев.

„На последниот ден од кампањата за парламентарните избори и официјално зариба машината за лажни вести во белиот дворец. Конечно цела јавност гледа како звучи сечено-лепено. Во очаен обид да исценира некаков скандал во белиот дворец до толку се занеле во сечењето што на крајот заборавиле да го исечат она „марш“ од претседателот Заев во разговорот“, велат од СДСМ.

„Од материјалот јасно се слуша и гледа дека Заев одбива мито, „јас велам марш“ и влегува во борба со криминалот и корупцијата. Ова е уште една потврда на заложбите на Зоран Заев за градење силна правна држава и нулта толеранција за корупција. Тоа ќе се потврди и на 15 јули со нив силен пораз за ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, последните бранители на криминалот и одговорност за секој што го прекршил законот“, додава СДСМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг