Полицијата во Португалија започнала потрага по телото на малата Меделин: Имаат доказ дека Германецот е одговорен за нејзиното исчезнување

Точка

12/07/2020

12:30

1.817

Големина на фонт

а а а

Португалската полиција започнала потрага во регионот Алгавре по телото на Британката Меделин МекКен, која исчезнала во мај 2007-ма година од одморалиштето Праја да Луз, кога имала 3 години.

Потрагата ќе опфати бунари во општината Вила да Биспо, на 20-тина минути возење од западно од Праја да Луз, пренесува "Daily Mail". Португалската телевизија "RTP" објавила дека детективите откриле "суштински доказ" кој ќе покаже дека осомничениот, осудуван педофил Кристијан Брукнер, е одговорен за исчезнувањето на девојчето. 

Исто така, наведено е дека 43-годишниот Германец е поврзан со други случаи на исчезнување од одморалиштето Силвес во истиот регион.

Минатата недела е објавено дека Брукнер бил уапсен поради сомнение дека непристојно се однесувал кон деца на игралиште во близина на Праја де Луз во 2017-та година, додека бегал од германските власти. Португалската полиција не се огласила официјално по повод тие наводи.

По идентификацијата на Брукнер како осомничен, португалската полиција е подготвена да ги пребара бунарите и други подрачја во регионот Алгарве, кои германските обвинители ги означиле како можни места за криење на посмртните останки.

Брукнер моментално е во затвор во Германија, каде служи 21 месец казна поради трговија со дрога во германското одморалиште Силд. Неговите адвокати поднеле барање тој да биде ослободен по отслужување на две третини од казната, но обвинителите се плашат дека тој би можел да побегне од земјата.

Куќата во Алгарве во која осомничениот живеел, се наоѓа на само 25 минути пешки од хотелот од кој исчезнала малата Меделин. Се наоѓа на имот со неколку напуштени бунари и празни ледини. Британската полиција го пребарала имотот во 2012-та година, но германската полиција вчера објавила фотографија од куќата со цел да пронајде нови сведоци.

Во меѓувреме биле откриени докази кои го поврзуваат Брукнер со исчезнувањето на уште најмалку три деца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг