Докторка споделила трик од 60 секунди кој ја подобрува заштитата на маската за лице

Точка

10/07/2020

21:39

8.085

Големина на фонт

а а а

Носењето маски стана задолжително во сите затворени простории и во средствата за јавен превоз. Меѓутоа, ретки се оние кои успеале да пронајдат маска која идеално им прилега и овозможува добра заштита од коронавирусот.

Ако маската не ви прилега добро на лицето, таа не е ефикасна во заштитата од бактерии и вируси кои можат да продрат до вашиот нос или уста. 

Стоматологот Оливија Кујд на популарната мрежа “TikTok” открила дека постои трик со кој можете да се послужите за да го решите наведениот проблем.

Кујд покажала што е потребно за подобро да ја прицврстите заштитната маска.

Најпрвин свиткајте ја маската на половина. Направете чвор од секоја страна, што е можно поблиску до самата маска. Отворете ја маската и свртете ги ситните отвори на рабовите навнатре. Маската по тоа би требало совршено да ви прилега.

Оваа снимка досега ја погледнале 3,4 милиони луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг