Русија го одобри новиот антивирусен лек за лечење на Ковид-19: „До 5-от ден од лечењето коронавирусот беше елиминиран кај 77.5 отсто од пациентите“

Точка

09/07/2020

12:28

5.263

Големина на фонт

а а а

Новиот лек кој што се бори против самиот вирус, а не се занимава со компликациите кои што вирусот ги предизвикува е одобрен во Русија.

Русија го одобри новиот антивирусен лек, Коронавир, за лечење на заболените од болеста Ковид-19, известила руската фармацевтска компанија „R-Pharm“ вчера, додека брјот на заразени лица во таа земја премина 700.000.

Во соопштението на компанијата се наведува дека за клиничкото испитување биле користени благи и средно-тешки случаи на заразени луѓе од коронавирусот, а лекот покажал одлични резултати.

„Коронавир е еден од првите лекови во Русија и во светот кој што не се бори против компликациите предизвикани од Ковид-19, туку против самиот вирус“ - наведуваат од компанијата.


Клиничкото истражување покажало дека подобрувањето на здравствената состојба кај 55 отсто од заболените се потврдило, во споредба со 20 отсто од оние кои што примале стандардна терапија.

До петтиот ден од лечењето, новиот коронавирус бил елиминиран кај 77.5 отсто од пациентите кои што консумирале Коронавир.

„Глобалната клиничка пракса и клиничкото истражување кое што го спроведовме, потврди дека Коронавирот многу побрзо ја запира инфекцијата“ - изјавил Михаил Самсонов, медицински доктор од „R-Pharm“.

Ова е третиот лек регистриран во Русија за лечење на новиот коронавирус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг