Руските пранкери објавија нов разговор меѓу Заев и лажната Грета Тунберг: Ќе ги затвориме аеродромите, ќе населиме мигранти

Точка

09/07/2020

01:51

6.032

Големина на фонт

а а а

Зоран Заев стана мета на нов меѓународен блам овој пат на пранкери кои се претставија како активистката против климатските промени Грета Тунберг и нејзиниот татко. Имено тие во телефонски разговор со Заев разговараат за повеќе теми.

Точниот период не е познат, но се претпоставува дека пранкот е од месец ноември минатата година кога и самата влада и советникот на Заев, Забрчанец театрално се пофали дека бил спречен хибриден напад

- Сопрен е хибриден напад кон владата од пранкери, соопшти Забрчанец.

Очигледно не ја говореле вистината бидејќи од разговорот кој е објавен се гледа дека Заев за време на целиот разговор нема приметено дека е жртва на пранкерски напад.

Од разговорот се гледа дека Заев го напаѓа Францускиот претседател Макрон за кого се согласува дека е ужасен човек и дели совет дека мора да е поодговорен. Тој ветува дека ќе затвори аеродроми поради барањето на божемната Грета дека така ќе се сопре загадувањето, а потоа вели дека ќе дозволи нејзиниот татко да пуши марихуана во Скопје. Тој вели дека е добар предлогот на мигрантите да им се даде вдомување и работа во земјава, иако тие ги преферирале западните земји зошто тука не се живеело добро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг