Само да го видите моето лице: Болсонаро соопшти дека е позитивен на Ковид-19 и ја извади маската

Точка

08/07/2020

13:24

2.816

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро е позитивен на коронавирус, а тоа лично им го потврди на новинарите.

Болсонаро откри дека направил четири тестови откако добил симптоми на болеста, вклучувајќи висока температура.

Откако повика претставници на медиумите за да им ја соопшти веста, престседателот Жаир Болсонаро, верувале или не, ја извади заштитната маска и продолжи да зборува.

Само да го видите моето лице. Им благодарам на сите кои се молат за мене, кои што ме поддржуваат. Му благодарам на Бог, добро се чувствувам“, изјави Болсонаро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг