„До 14 години ги пробав сите дроги кои му се познати на човекот“: Џони Деп ја шокираше јавноста со искрените признанија на денешното судење...

Точка

07/07/2020

15:36

4.590

Големина на фонт

а а а

Актерката Амбер Херд, поранешната сопруга на Џони Деп, на судењето кое што започна денес, го испрашувала актерот за многу теми од животот.

Таа истакнала дека сака да ''започне од самиот почеток'', па почнала со изнесување на мрачните настани за Џони да го претстави во што е можно полошо издание.

Меѓутоа, неговите одговори биле неочекувано искрени.

Адвокатката прво го прашала Деп за инцидентот кога бил уапсен поради напад на стражар. Џони тогаш имал само 25 години, а одговорот на тоа бил: ''Да, вистина се случи тоа''.

Бил прашан и за инцидентот кога имал 31 година, кога ја уништил хотелската соба поради што хотелот морал да плати речиси 10.000 долари. Актерот и тоа го признал, но изјавил дека не се сеќава колкава била штетата, додавајќи дека веројатно станувало збор за некакви недоразбирања.


Адвокатката му рекла на Деп дека има ''пари, моќ и влијание'', со што тој не се согласил.

Потоа признал дека консумирал дрога и алкохол. Актерот на суд изјавил дека ја потврдува изјавата за весниците:

„Ја пробав секоја дрога до 14 години“, а потоа додал: „Секаков вид дрога која што му е позната на човекот“.

„Постоеше опасност дека ќе го преминев работ, и можев“ - ја цитирала адвокатката изјавата и го прашала Деп дали тоа е веродостојно.

„Во тој момент од мојата младост, да. Во моментот на моето искуство со наркотици и стимуланси, со алкохол почнав во раната младост. Имаше многу непријатни ситуации во мојот дом.


„Мајка ми имаше навика да ми каже да консумирам таблети за смирување и го правев тоа на 11 години. Тоа веројатно беше единствениот начин да ја ублажам болката“ - изјавил Деп.

Адвокатката го прашала дали користел кокаин, екстази, канабис, а Деп признал дека консумирал сè што таа навела, како и лекови на рецепт.

Џони исто така се согласил и на тоа дека Кит Ричардс му е ''репер и пријател''.

На прашањето дали консумирал дрога со Мерилин Менсон, Џони изјавил:

„Да, двапати, одамна пред врската со Амбер. Не по 2011-та година“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг