СЗО за Бубонската чума: Ја следиме ситуацијата во Кина, сè е под контрола

Точка

07/07/2020

20:13

2.641

Големина на фонт

а а а

Бубонската чума во Кина е под контрола и не се смета за високоризична, било соопштено денес од Светската здравствена организација.

Локалните власти во кинескиот град Бајанур во регионот на Внатрешна Монголија издале предупредување во неделата, ден откако бил пријавен можен случај на Бубонска чума во една болница. 

Минатиот ноември чумата била потврдена кај четири лица во Кина, а меѓу нив двајца имале пневмонична чума, посмртоносна варијанта на оваа болест.

Портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на прес-конференција во Женева изјавила дека оваа организација внимателно ја следи ситуацијата во Кина, во соработка со властите на таа земја и властите во Монголија, пренесува "Reuters".

Таа истакнала дека СЗО во овој момент ситуацијата во Кина не ја смета за високоризична, но дека ќе продолжи будно да ја следи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг