17 граѓани на Украина сакале да влезат во Грција и покрај забраната

Макфакс

07/07/2020

12:55

1.245

Големина на фонт

а а а

На атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“ 17 државјани на Украина се во притвор, вклучително и деца, кои пристигнале во Атина од Киев, и покрај забраната за летови од оваа земја.

Иако на државјаните на трети земји не им е дозволено да влезат во Европа, Украинците пристигнале во Атина со два лета на „Рајанер“ и „Виз ер“.

Еден од патниците, Максим, тврди дека тие биле строго контролирани на аеродромот во Киев, како и дека самостојно извршиле тестирање за коронавирус во родниот град.

Меѓутоа, кога пристигнале во Атина и по проверката, од Украинците било побарано да потпишат документ во кој тие ја даваат својата согласност за итно депортирање во нивната земја.

Тие одбиле и биле притворени.

Грчките власти им го одзеле багажот, вклучително и нивните лаптопи.

Сега, Украинците протестираат против лошите услови во притворот, тврдејќи дека им недостасуваат основни работи, како тоалетна хартија и сапун, и дека никој не им обезбедил вода и храна.

Патниците контактирале со украинскиот конзул, кој ги информирал дека не им е дозволено да влезат во Грција и дека ќе треба да се вратат со истите летови. Двата лета се планирани за денес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг