Црна Гора: Минувач намерно кашлал кон британската амбасадорка и вработена во Институтот за јавно здравје

Макфакс

07/07/2020

12:50

906

Големина на фонт

а а а

Амбасадорката на Велика Британија во Подгорица, Алисон Кемп, рече дека минувач кашлалал во нејзиниот правец додека била на улица.

Како што вели, додека таа разговарала со вработена во Институтот за јавно здравје, минувачот намерно кашлал во нивна насока.

Таа на „Твитер“ го опиша инцидентот.

„Една госпоѓа која работи во Институтот за јавно здравје ме сопре денеска на улица и ме праша за насоки. Додека се обидував да и објаснам, еден маж одеше покрај неа и намерно кашлаше кон нас кога ја виде нејзината работна униформа. Бев запрепастена”, објави таа.

Анбасадорката се заблагодари на Институтот за јавно здравје за нивниот придонес.

„Овој пример не ја претставува Црна Гора што ја знам и ја сакам“, напиша Кемп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг