Атиџе ја сними својата прва песна „Покрај река Брегалница“

Точка

06/07/2020

14:50

3.799

Големина на фонт

а а а

Атиџе Муратова, ѕвездата од документарниот филм „Медена земја“, конечно влезе во музичко студио и ја сними песната „Покрај река Брегалница“.

Кинематограферот Самир Љума објави дека Муратова ја снимила својата прва студиска песна.

На својот Твитер профил, Љума сподели и фотографија на Муратова од студио.

И во документарниот филм Атиџе не ја криеше својата љубов кон музиката.

Освен во македонскиот документарен филм кој се натпреваруваше за два оскари, Атиџе ја покажа својата љубов кон музиката и на овогодишното издание на Златна Бубамара кога на сцената запеа, а публиката ја поздрави со неколкуминутен громогласен аплауз.

Како што пренесува „Радиомоф“, токму темата на нејзината прва студиска песна таа сакала да ја испее на оскарите, доколку документарецот го добиеше највисокото признание.




Спонзорирани линкови

Маркетинг