Богојески: Време е да падне овој естаблишмент, потребни се нови и креативни политики

Макфакс

05/07/2020

13:53

1.020

Големина на фонт

а а а

Колку сме во Скопје домаќини се познава по Градскиот парк, рече во изјава за медиуми Петар Богојески, носител во изборната единица 1 од партијата Македонски концепт.

„Денес сретнавме прекрасни луѓе, кои и покрај желбата да одморат од градската гужва, беа отворени за разговор со нас. Се е јасно. Нема простор за ветувања, програми, се е слушнато и видено веќе 30 години! Редно е да го смениме политичкиот систем, да падне овој естаблишмент”, изјави Богојески.


Тој порача дека Македонски концепт креаира поинакви јасни политики кои ќе донесат суштински промени за нашата држава.

„Имаме јасна идеја и цел и знаеме како. 15 јули е денот кога без разлика на политичката определба, сите граѓани масовно треба да излезат на гласање и да го заокружат бројот 10“, кажа претставникот на Македонски концепт и додаде дека само заеднички граѓените може да се изборат за суштински промени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг