Сари го понижи Пјаниќ и го извади од игра по само три минути во вториот дел, па откри зошто го сторил тоа

Дерби

05/07/2020

12:45

2.681

Големина на фонт

а а а

Екипата на Јувентус славеше убедлива победа од 4:1 во вчерашното градско дерби против Торино и со тоа опасно се доближи до освојување на нова титула во Серија А.

На овој натпревар конечно гол од слободен удар во италијанскиот шампионат постигна Кристијано Роналдо кој по речиси две години на Апенините успеа да го скрши мразот и да совлада некој голман од ваква ситуација.

Она што привлече внимание, освен головите, од овој натпревар е и потегот на Маурисио Сари кој го извади Миралем Пјаниќ по само три минути игра поминати во вториот дел.

Италијанскиот стратег можеше да го стори тоа и на полувремето, но тој се реши да почне вториот дел за да го извади фудбалерот кој од следната сезона ќе игра во тимот на Барселона.

Сари објасни дека го извадил Пјаниќ затоа што играчот имал жолт картон и бил во ризик да заработи црвен доколку направел некој непромислен старт.

– Беше еден од играчите кои имаа жолти картони. На полувреме видов дека е посебно вознемирен поради резултатот и не сакав да ризикувам ништо, -изјави Сари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг