Подготвуваат сериозна конкуренција за ТикТок: Јутјуб влегува во арената на кратки видеа

Точка

03/07/2020

22:04

2.099

Големина на фонт

а а а

Фејсбук и Инстаграм се обидуваат да му се спротистават на ТикТок со кратките видеа, па нема причина Јутјуб да не го направи истото.

Тие сега експериментираат со новата опција која овозможува правење видеа во траење од 15 секунди.

Засега, опцијата е само во фаза на тест, кој е наменет за некои корисници на iOS и Андроид.


Идејата е снимање видеа во траење од 15 секунди и автоматско објавување од апликацијата, кои на крајот би се споиле во едно големо видео. Со оваа опција, Јутјуб сака да им олесни на сите свои корисници кои снимаат директно од мобилната апликација.

Доколку некој сака да ги сочува овие сегменти од 15 секунди и на крајот да ги објави како целокупна видео-снимка одеднаш, тоа ќе мора да го направи од галеријата од својот мобилниот телефон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг