Дете исчезнало пред 8 години на пат до училиште во Рим: За некое чудо е пронајдено, живеело на улиците во Џенова со куче

Точка

03/07/2020

16:21

1.858

Големина на фонт

а а а

По 8 години во Италија било пронајдено дете, сега веќе момче, кое исчезнало во мај 2012-та одина.

Фернандо Василе, кој живеел со својата мајка во предградието на Рим, имал 16 години кога исчезнал на пат до училиште и за него немало никакви вести 8 години, и покрај потрагите на полицијата и карабинерите, пишува весникот "Avenire". 

Минатата седмица популарната емисија на телевизијата "RAI", "Кој го видел" или "Chi La Visto" го емитувала прилогот, на молба на семејството, со негова фотографија кога уште бил тинејџер.

Редакцијата добила десетина дојави дека момчето е видено во Џенова, а сопственикот на една продавница, кој го препознал, ја информирал редакцијата за точното место на кое се наоѓа момчето.

Утврдено е дека, пишува "Avenire", Фернандо сите овие години живеел како бездомник во разни делови на Италија, а во последно време во Џенова, каде во центарот на градот, на отворено, живеел заедно со своето куче.

Оние кои го препознале тврдат дека бил мирен и љубезен, дека не пиел ниту земал дрога, и дека луѓето му носеле храна.

Откако било пронајдено, сега веќе 24-годишното момче било одведено кај неговиот вујко, кој живее во близина на Џенова.



Спонзорирани линкови

Маркетинг