Ќе одговара за сторено кривично дело: Принуден карантин за поранешната манекенка Накова која место во самоизолација била на базен

Макфакс

03/07/2020

11:49

6.650

Големина на фонт

а а а

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија од МВР во денешниот полициски билтен.

По апсењето таа е спроведена во државен карантин, а за настанот е известен и јавен обвинител.

По комплетирање на случајот, против поранешната манекенка ќе биде изготвен поднесок за сторено кривично дело казниво по членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг