Не го интересираат мерките на синот премиер: Таткото на Борис Џонсон ги прекршил правилата и отпатувал во Грција

Точка

02/07/2020

14:33

1.885

Големина на фонт

а а а

Тој додал дека, иако Грција забранила доаѓање на гости од Велика Британија, "Грците се многу среќни што го гледаат".

Таткото на британскиот премиер Борис Џонсон, Стенли Џонсон, ги прекршил денес мерките кои ги вовел неговиот син и отпатувал преку Бугарија во својата вила во Пелион, во централна Грција.

Тој отпатувал и покрај препораката на "Foreign Office" дека државјаните на Велика Британија не би требало да патуваат во странство ако не мораат, а неговиот пат во Грција покажува дека е можно преку некои трети земји да се стигне на саканата дестинација и да заобиколат правилата за спречување на ширењето на вирусот, пишува "Greek Reporter".

Џонсон постариот, поранешниот член на Европскиот парламент пристигнал во Грција преку Софија, бидејќи грчките власти забраниле директни летови од Велика Британија до средината на јули.

Тој веста дека е во Грција ја објавил на својот профил на Инстаграм.

"Јас сум во Пелион. Морам да поставам мерки на дистанцирање, бидејќи тоа тука многу сериозно го сфаќаат", напишал Џонсон.

Тој додал дека, иако Грција забранила доаѓањето од велика Британија, Грците се многу среќни што го гледаат.

"Единствено што сакаат да знаат е од каде доаѓам и што работам. Потоа ми измерија температура и ми земаа брис два пати", додал Џонсон по слетувањето на аеродромот.

Четирисобната вила на Џонсон во Пелион има базен и тераса со поглед на планина и море, и оддалечена е од плажата на пет минути.




Спонзорирани линкови

Маркетинг