Дугари отиде предалеку и ја шокираше јавноста: Гризман се плаши од аутистичното дете во Барса!

Дерби

02/07/2020

13:06

2.094

Големина на фонт

а а а

Кристоф Дугари се истакна во изминатите неколку години како човек кој дава жестоки изјави без влакна на јазикот, но сега поранешниот играч на Барселона, Милан и Бордо отиде предалеку со своето последно излагање кое го имаше за „Радио Монте Карло“.

Коментирајќи ги последните случувања на големото дерби меѓу Барса и Атлетико Мадрид кое заврши со 2:2, Дугари посебно се задржа на понижувањето кое го доби неговиот сонародник Антоан Гризман, кој доби шанса од тренерот Кике Сетиен во 90-та минута.

Гризман не е ниту бледа сенка на играчот кој доминираше во Атлетико и кој освои светска титула со Франција, а според Дугари, главен виновник за тоа е Лионел Меси за кого во своето излагање употреби навистина навредливи зборови.

– Од што се плаши Гризман? Се плаши од дете кое е високо 1 метар и 50 сантиметри и од дете кое е полу-аутистично? Треба да му ја наполни устата на Меси со торта ако има проблем со него. Треба да покаже „мадиња“, веќе цела година зборуваме дека има проблем со Меси, – жестоко порача Дугари кој не го штедеше и Сетиен.

– Барса има тренер кој е преплашен. Сетиен е навистина срдечен, но тој нема квалитет за Барселона. Не знае како да направи тимот да почне да игра. Нема ништо против Гризман, едноставно тој е неспособен да ја води Барса, – заврши Дугари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг