Еве зошто Сер Алекс беше посебен: Фергусон уживал во шампионскиот шпалир кој Јунајтед му го приреди на историскиот Челси!

Дерби

02/07/2020

13:05

1.679

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола најави дека вечерва ќе видиме шампионски шпалир од страна на играчите на Манчестер Сити во чест на новите прваци од Ливерпул, гест кој е симбол за оддавање почит на тимот кој заслужено стигна до титулата.

Оваа традиција во Англија се негува со години и навистина посебно е чувството кога два лути ривали ќе се најдат во таква ситуација, а надоврзувајќи се на она што треба да го видиме на „Итихад“ вечерва на дербито меѓу Сити и Ливерпул, Гери Невил се потсети како Сер Алекс Фергусон уживал кога ги натерал играчите на Јунајтед да му аплаудираат на Челси.

Тимот предводен од Жозе Мурињо во 2005-та година направи историја и ја освои првата титула за Челси во Премиер лигата, сезона во која тогаш беше поставен рекорд од максимални 95 освоени бодови.

Непосредно по математичкото потврдување на титулата, Челси гостуваше на „Олд Трафорд“, а Гери открива дека Ферги се погрижил на играчите да им биде навистина непријатно.

– Се сеќавам дека му правевме шпалир на Челси на „Олд Трафорд“ и добро паметам дека Фергусон уживаше во тоа. Гледаше на тоа како „ова ќе ве повреди, тие доаѓаат со титулата на вашиот стадион и вие мора да им аплаудирате“.

– Моето мислење е дека треба да се оддаде почит на најдобриот тим во лигата и на најдобриот менаџер со традиционалниот шпалир. Тоа треба да се прави за секој тим кој ја освојува титулата, тоа е признание за најдобриот тим, – вели Невил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг