Кина: Велика Британија ќе сноси последици поради понудата за граѓаните на Хонгконг

Макфакс

02/07/2020

12:43

1.513

Големина на фонт

а а а

Кина објави дека Велика Британија ќе сноси последици за секој потег што ќе го преземе за да им понуди на граѓаните на Хонгконг да се населат во Велика Британија.

„Кина го задржа правото да постапува против Велика Британија по ова прашање“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Џао Лиџијан на брифинг, пренесе „Ројтерс“.

Тој не прецизира какви контрамерки може да преземе Пекинг.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека со усвојувањето на законот за безбедност во Хонгконг од страна на Кина се нарушува високиот степен на автономија на Хонгконг и дека тоа претставува закана за слободите и правата заштитени со Заедничката декларација од 1984 година.

„Усвојувањето и наметнувањето на овој закон за национална безбедност е јасно и сериозно кршење на кинеско-британската заедничка декларација“, рече Џонсон.

Според него, тој закон го крши високиот степен на автономија на Хонгонг и е во конфликт со основниот закон на Хонгконг.

Тој изјави дека ако Кина продолжи по тој пат, Велика Британија ќе им овозможи на оние кои имаат британски прекуморски статус да живеат и работат во Велика Британија, а подоцна да аплицираат за државјанство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг