Зидан индиректно објасни зошто Реал ќе го продаде Хакими

Дерби

01/07/2020

19:40

2.462

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид ги изненади фудбалските фанови со одлуката да се откаже од Ашраф Хакими, за кого се тврди дека ќе го засили Интер за сума која не надминува 45 милиони евра.

По одличната сезона на заем во Борусија Дортмунд, Хакими се наметна како одличен потенцијал за бековските позиции, но тренерот на Реал Зинедин Зидан очигледно има поинакви планови.

– Хакими е се уште фудбалер на Реал, но во иднина може да се случат поинакви работи. 

– Имаше добра сезона, но во клубот треба да размислуваме за две страни, односно спортска и економска. 

– Јас сум тој кој зборува за спортската страна, но не би сакал сега да зборувам за него. Заинтересиран сум за ситуацијата, но клубот е тој кој ги носи одлуките, заедно со фудбалерот и тренерот, – вели Зидан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг