НАТО пред крах, Франција се повлекува од мисија! Макрон донел шок одлука по инцидентот со турски воен брод

Точка

01/07/2020

17:08

4.314

Големина на фонт

а а а

Франција го суспендирала учеството во НАТО поморската мисија "Чувар на морето", пренесуваат француските медиуми.

Според статијата на францускиот дневен весник "L'Opinion", постојаниот претставник на земјата при НАТО, Муриел Домена, во вторникот пратил писмо до генералниот секретар Јенс Столтенберг да го извести за одлуката на Париз да го суспендира учеството во операцијата "Чувар на морето". 

Оваа информација ја потврдил и турскиот амбасадор во Франција, Исмаил Хаки Муса, кој изјавил дека Париз го известил НАТО дека го прекинува своето учество во морнаричката операција во Средоземното море, по инцидентот меѓу француските и турските воени бродови.

Тензиите меѓу Турција и Франција околу Либија и Источниот Медитеран, како и инцидентот на 10-ти јуни, се рефлектирале на НАТО.

Турција ги отфрлила обвиненијата дека нивниот воен број "малтретирал" еден француски брод кој се наоѓа на мисија на НАТО од 10-ти јуни.

"Тоа е неточно. Доколку земете во предвид дека тој француски брод е дополнет со гориво од нашата страна непосредно пред наводниот инцидент, тогаш јасно ви е колку се овие обвиненија смешни", рекол еден турски висок воен службеник коментирајќи ги обвиненијата.

Францускиот министер за одбрана ја обвинил турската морнарица дека "го малтретирала" францускиот воен брод кој се наоѓал на НАТО мисија.

Франција го осомничила турскиот транспортен брод кој имал развеано знаме на Танзанија дека шверцува оружје во Либија. Француските службеници навеле дека тој брод го исклучил уредот за следење, дека го прекрил својот идентификациски број и дека одбил да одговори каде се упатил.

Турските воени службеници рекле дека никакво барање за комуникација не дошло од францускиот воен брод.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по повод тој инцидент рекол: "Двете членки на НАТО имаат тотално поинаква верзија на настаните за тоа всушност се случило".

"Но, сите се согласуваме дека е потребен политички компромис за да се реши конфликтот во Либија", заклучил тогаш Столтенберг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг