Мечето Глаша на гласање за уставните промени во Русија

Точка

01/07/2020

14:31

1.852

Големина на фонт

а а а

Во Русија денес е последен ден кога граѓаните може да се изјаснат за предложените уставни реформи, а вработените во зоолошката градина во Барнаул, во руската република Алтај, на гласачкото место повеле и младенче мече.

Како што за "РИА Новости" рекол еден од вработените во зоолошката градина, Сергеј Писарев, мечето се вика Глаша и е сираче. Пред неколку месеци било најдено во близина шума и сместено во зоолошка градина. 

"Мечката е симбол на Русија, а мечката исто така е избрана за симбол на Барнаул, така што денес дојдовме со нашата Глаша на гласачкото место да ја исполниме нашата граѓанска должност - да го дадеме својот глас. Глаша навистина уживаше во учеството на изборите. Љубопитно ги мирисаше гласачките ливчиња, пенкалата со кои ги потпишувавме листовите и сета опрема", рекол Александар Чеботарев, директор на зоолошката градина "Шумска приказна".

Кога Глаша се појавил во гимназијата завладеало воодушевување меѓу децата и членовите на изборната комисија, кои не очекувале таков посетител. Инаку, вработените во зоолошката градина и претходно доаѓале на гласачките места со животни.

"Тоа не е малтретирање на животни, бидејќи ние навистина ги сакаме животните, внимаваме на нив. Тоа беше уште една прошетка со Глаша", нагласува Писарев.

Глаша е стар околу 5 месеци, а мајката веројатно била убиена од ловокрадци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг