Астрономите запрепастени: Монструозна ѕвезда 2.5 пати посветла од нашето Сонце едноставно исчезнала...

Точка

30/06/2020

20:12

2.369

Големина на фонт

а а а

Можно е ѕвездата да го изгубила својот сјај и да не се гледа од прашината, но многу необично е објаснувањето дека ѕвездата би можела да умре без експлозија во облик на супернова - колапс во црна дупка.

Една од најмасивните и најсветли ѕвезди во вселената, оддалечена 75 милиони светлосни години од Земјата, мистериозно исчезнала, а научниците останале изненадени и не знаат за што точно станува збор.

Ѕвездата која што исчезнала се наоѓа во џуџестата галаксија Кинман, а научниците воочиле дека исчезнала откако сакале да ја проучат за да научат многу повеќе за процесот на изумирањето на масовните ѕвезди.

„Наместо тоа, се изненадивме со откритието дека таа ѕвезда исчезнала“ - изјавил за медиумите Ендру Алан, водачот на истражувањата на Универзитетот „Trinity“ во Даблин.


Можно е ѕвездата да го загубила својот сјај и да не се гледа од прашината.

„Кога тоа би било вистина, тоа би било прво откритие на таква монструозна ѕвезда чиј живот завршил на таков начин“ - додал Алан.

Таквото откритие би можело да го промени размислувањето на научниците за начините на изумирање на масовните ѕвезди.

Досега се верувало и очекувало дека таквите ѕвезди во последниот момент од нивниот живот експлодираат во супернови, но тоа во случајот на оваа ѕвезда не се случило.




Спонзорирани линкови

Маркетинг