Второто најголемо животно на планетата се појавило во регионов: Погледнете како изгледа

Точка

30/06/2020

17:11

3.339

Големина на фонт

а а а

Во последните неколку месеци китовите се неколкупати снимени во Далмација, а последно еден е забележан околу Пељешац, пренесуваат хрватските медиуми.

Кај Пељешац во неделата наутро во повеќе наврати е снимен кит за кој се претпоставува дека залутал и се обидува да најде излез на отворено море.

„Дојде од исток. Виден е во Дингач, а потоа се појави околу 400 метри оддалечен од заливот Пратеница во Поступ“, раскажал за порталот „Далмација денес“ човекот кој успеал да направи неколку фотографии.

Експертите врз основа на снимката утврдиле дека се работи за кит од ист вид како оној кој бил забележан пролетта околу Вис. Пред две години било пронајдено тело на еден починат кит околу Лошињ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг