Несторовиќ: И да има 600 починати, тоа е добро - Македонија има 200 починати на 2 милиони жители...

Точка

30/06/2020

16:10

6.165

Големина на фонт

а а а

Професор доктор Бранимир Несторовиќ за српски „Телеграф“ изјави дека коронавирусот сега е „релативно слаб“ и дека е мал процентот на тешки случаи.

Несторовиќ е познат во српската јавност по неговите контроверзни изјави во врска со пандемијата на коронавирусот. На почетокот на пандемијата тој порача дека Ковид-19 е „најсмешниот вирус во историјата“, а потоа ги повика Србите слободно да одат на шопинг во Милано - едно од најголемите жаришта на коронавирусот во тоа време.

Овојпат, Несторовиќ ги советува Србите дека „најдобро е сега да се разболат“ кога вирусот, според него, релативно е слаб.

„Ако треба да се разболите, најдобро е сега да се разболите кога вирусот е релативно слаб. Сега е многу помал процентот на пациенти со тешка клиничка слика. Кога ќе го погледнете "Worldmeters", ќе видите дека има само 1% тешки случаи“, изјави Несторовиќ.


Професорот Несторовиќ исто така нагласи дека не треба сите да бидат тестирани, затоа што тестирањето не го спречува ширењето на вирусот.

Околу обвинувањата за наводно лажирани податоци за бројот на починати од коронавирус, Несторовиќ изјави дека за официјаните податоци се одговорни лекарите кои го водат случајот и докторите ги доставуваат податоците до институциите.

„Истите обвинувања ги има и за докторите на Трамп во Америка. На крајот, дури и да починале 600 луѓе, тоа е добар резултат. Шведска има 6 илјади починати, Холандија има 11 илјади, тоа се земји со големина како нашата. И да биле 600, тоа е признание за здравствениот систем, тоа не е за плукање. Македонија на два милиони жители има 200 починати досега“, изјави Несторовиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг