Oд утре ќе бидат отворени аеродромите во Скопје и Охрид: Првиот лет од Скопје за Бремен

Макфакс

30/06/2020

14:09

1.268

Големина на фонт

а а а

Двата аеродроми во Скопје и Охрид од утре ќе бидат отворени, со почитување на протоколите.

Заштитните маски и дезинфекција на рацете ќе бидат задолжителни, а термалните камери ќе ја проверуваат телесната температура. Сомнителните ќе бидат спроведени во просторија за изолација.

Патниците се обврзани да бидат на аеродромите на три часа до летот, а ограничено ќе биде и користењето на чекалницните.

Во 6 часот наутро од Скопје ќе полета авион на „Визер“ за Бремен, а три часа подоцна се очекување да слета и авион на „Туркиш Ерлајнс“ од Истанбул.

Првите летови од Охридскиот аеродром ќе бидат за и од Цирих и Милано.



Спонзорирани линкови

Маркетинг