Шафранот лечи над 90 болести, а експертите тврдат дека е идеален и во борбата против депресија и ментални пореметувања и дека нема ниту еден непосакуван ефект.
Оваа билка меѓу другото ќе го подобри и вашиот сексуален живот.
Шафранот е лек, но и симбол за среќа, богатство и мудрост - материјално и духовно.
Иранците тврдат дека најдобриот шафран се одгледува на североистокот од нивната земја, а според нивните приказни, Алах плодното тло за оваа билка го дал и во источниот дел од Авганистан.
Моќта на шафранот може да се долови само со една реченица: „Го исполнувам домот со среќа“.
Уште во Стариот завет шафранот важел за една од најскапите билки. Висината на неговата цена не е само поради лековитите својства кои што ги има, туку затоа што истиот се собира само во одреден дел од годината, а за половина килограм потребни се 80.000 цветови од таа билка.
Поради тоа, неговата цена се движи од 1.000 до 5.000 американски долари, а разликата е во неговиот квалитет.
Чајот од шафран е неодолив и има многу предности кога станува збор за превенција на некакви болести.